Холовеј е повреден, пропадна трилогијата со Волкановски

Поранешниот шампион на УФЦ, Макс Холовеј, во март нема да се бори за појасот со Александар Волкановски.

Неколку дена откако трилогијата стана реалност, повредата го уништи обидот на напаѓачот да си го врати појасот.

Сега ќе се бара нов ривал за Волкановски, кој против него ќе се бориигра на 5 март во Лас Вегас.

Поранешниот шампион во две категории, Хенри Сехудо веднаш се понуди. Ова не е првпат да бара од Дана Вајт да договори меч меѓу него и борецот со македонски корени.

Многу е веројатно дека уште една битка ќе се води на УФЦ 272  за појасот во перо категорија меѓу Алџамејн Стерлинг и Петар Јан.

Организацијата се уште не објави официјални информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО