Џорџ Форман смета дека Вајлдер може лесно да го победи Фјури

Боксерската легенда и светски првак Џорџ Форман смета дека титулата во тешка категорија на ВБЦ повторно ќе му припадне на Дионтеј Вајлдер, иако во февруари беше поразен во борбата за титулата од Тајсон Фјури.

„Убаво си поразговаравме со Вајлдер. Муабетевме, бидејќи и јас бев во позиција во која неочекувано ја изгубив борбата за титулата. Знам низ што поминува и ќе мора да живее со поразот од Фјури. Меѓутоа, можам да му покажам како да живее со тоа, но и да се врати уште подобар. Долго  разговаравме за тоа и верувам дека Вајлдер може да победи и тоа лесно. Дајте му прилика и ќе ви покаже“, рече Форман во разговор за „Сан“.

Легендарсниот боксер го потенцираше квалитетот на удар кај Вајлдер.

„Добар е, но уште е далеку од боксери како Џо Луис, Џо Фрејзер и Мајк Тајсон. Уште не е блиску до едно такво признание. По мое мислење, потребна му е борба како онаа на Мајк Тајсон против Тревор Бербик. Кога го гледав тој меч си помислив: ‘Овој тип е кошмар’“, рече Форман.

Фјури и Вајлдер требаше на 18 јули да го одиграат завршниот меч од трилогијата, но таа средба, како и речиси сите спортски натпреварувања ширум светот, е одложен на неодредено време поради пандемијата со Ковид-19.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО