Џорџ Форман откри кој му е моментно најдобар тешкаш

Поранешниот светски шампион во бокс и 72-годишен олимписки победник Џорџ Форман смета дека Тајсон Фјури е најкомплетниот и најдобриот тешкаш на денешницата. Еден од обожавателите го прашал Форман за кого смета дека е број еден во моментот, а тој одговорил:

„Тајсон Фјури изгледа како борец кој ги има сите потребни вештини“.

Големиот Џорџ во текот на целата своја кариера победил големи боксери како Рон Лајл, Џо Фрејзер, Кен Нортон и други, а боксирал и на еден од најголемите мечеви против Мухамед Али.

Во таа борба, што се одржа на 29 октомври 1974 година во Киншаса под наслов „Татнеж во џунглата“ (The Rumble in the Jungle,), Форман ги загуби шампионските појаси на ВБА и ВБЦ против Али.

Американецот е најстариот шампион историјата на тешка категорија, освојувајќи титули на ВБА и на ИБФ на 45-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО