Џон Каванаг: Мек Грегор и Пориер ќе се борат во полусредна категорија

Џон Каванаг, кој е тренер на Конор Мек Грегор, вели дека втората борба меѓу него и Дастин Пориер ќе е во полусредна категорија. Во последните неколку дена, Конор и Дастин вербално се согласија на борба во јануари 2021 година. Сите се прашуваа во која категорија ќе се борат, а Каванаг се реши да ја разреши оваа мистерија.

На социјалните мрежи, долгогодишниот тренер на Мек Грегор изјави дека неговиот борец се развил многу повеќе од Пориер. Џон напиша и дека би било празник за очите да гледа борба меѓу нив, но овојпат во полусредна категорија:

Каванаг: „Ги гледам последните тренинзи на Конор Мек Грегор и се восхитувам, тие ме образуваат. Елегантност во движењето со елитно ниво на тајминг и квалитети.

Дастин се подобри многу од првата средба, но Конор се подобри многу повеќе. Гледајќи ги дехидрирани и силни во полусредна категорија ќе биде фасцинантно“.

https://www.instagram.com/p/CGaRDEZJzlz/?utm_source=ig_embed

Мек Грегор и Пориер се бореа пред неколку години во перо категорија, а потоа Конор победи со нокаут во првата рунда. Двајцата постигнаа голем успех по оваа битка и значително ја подобрија својата борба. Мек Грегор успеа да стане двоен шампион во лесна и перолесна категорија. Пориер, пак, ја освои привремената титула во лесна категорија.

Набргу по говорот на Каванаг, Али Абделазиз одговори и рече дека победникот во борбата меѓу Мек Грегор и Пориер нема да се бори за титулата во лесна категорија, ако нивната борба навистина се одвива во полусредна категорија. Абделазиз смета дека не е фер да се бориш за титула во лесна категорија кога не си ослабел и си се борел во погорната категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО