Џон Фјури за мечот Џошуа-Нгану: Не смее да го отпише, ако го погоди со најсилниот удар, готово е!

Џон Фјури е познат по тоа што е релативно искрен со своите ставови за боксот и сега го понуди мислењето за претстојната борба меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану.

Во изјава за Бокс сошл тој даде свои размислувања за претстојниот меч и истакна дека Џошуа треба да биде внимателен, без сомнение имајќи го предвид фактот дека нема клаузула за реванш.

„Ќе бидам искрен, не можете да го отпишете Нгану, тоа го докажа против Тајсон. Тој е силен карактер, има огромна моќ на удар, ако дојде со желба да победи, тој е проблем за кој било во светот. Тоа е докажано“.

Потоа призна дека со нетрпение ја очекува борбата и изрази уверување дека Џошуа би можел да биде во неволја доколку „Предаторот“ успее да „прописно“ да го мавне.

„Каков примамлив спектакл и знам едно, ако Нгану го погоди „Еј Џеј“, нема да се опорави толку брзо. Не сум сигурен дали ќе стане. Нгану е различен борец од Енди Руиз, тој е масивен. Потоа го пофали Џошуа за неговиот настап против Ото Валин. Можеби Еј Џеј ќе го повтори тој настап и ќе го натера Нгану да капитулира. Тоа му го направи на Ото Валин и може да го има истиот ефект врз Камерунецот, но не го отпишувајте“, заклучи тој. .

Тоа е навистина многу очекуван меч, како што ќе биде борбата што следи против кој и да победи на пресметката меѓу Фјури и Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО