Џон Фјури: Не сакам Тајсон да се бори со Вајлдер, затоа што ќе го убие

Џон Фјури, таткото на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (33-0), изјави дека не сака четврта борба за својот син со поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (43-2).

Фјури и Вајлдер имаа 3 борби помеѓу 2018 и 2021 година. Првата борба беше доста драматична и заврши нерешено. Во следните две средби Тајсон победи со нокаут. Вајлдер направи голема штета во тие борби, но сепак сака 4-та борба.

Може да има таков меч ако Дионтеј го победи Енди Руиз во битка која ќе продуцира предизвикувач за појасот на ВБЦ. Сепак, Џон не сака четврти дуел бидејќи постои опасност Тајсон да го убие Американецот.

„Ќе бидам нервозен ако има четврта борба со Вајлдер бидејќи се плашам дека Тајсон ќе го убие Вајлдер. Дионтеј има напукнат череп, испукан како јајце.

Таквите работи се непоправливи, а кога Тајсон повторно ќе го удри, тоа може да го убие. Ако не ја сакате смртта на Дионтеј Вајлдер во ваши раце, држете се настрана од Тајсон.

Го победивме три пати, тој не е закана. Единствена опасност е Тајсон, кој ќе го убие. Не сакам да одам в гроб знаејќи дека мојот син убил некого во рингот“, изјави Фјури за Ол аут фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО