Џон Џонс: Заради стероидите сум толку добар

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Џон Џонс уште еднаш со провокативна шега предизвика лавина коментари, која потоа брзо ја отстрани од јавниот профил.

Џонс покажа дека е многу добар во пукање со разни оружја и сподели видео. Сепак, напиша дека е толку добар во тоа поради стероидите.

„Сите овие стероиди ме прават совршен стрелец“, напиша Џонс во своето видео, но по неколку минути ја избриша контроверзната снимка.

Џон Џонс постојано беше вмешан во скандали со допинг. Во 2016 година за употреба на кломифен и летрозол беше суспендиран една година, а две години подоцна повторно беше казнет на уште 15 месеци.

Сега американскиот спортист активно се подготвува за дебито во тешка категорија, во која треба да се сретне со победникот од битката Стипе Миочиќ – Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО