Дана Вајт: Стипе Миочиќ е најголем на сите времиња

Претседателот на УФЦ Дана Вајт не се сомнева дека шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, кој ќе ја брани титулата против Френсис Нгану на 27 март на УФЦ 260 во Лас Вегас, е веќе најголемиот борец во тешка категорија на сите времиња.

„Не знам дали ова е најголемиот реванш што го имавме, но ова е дефинитивно една од најважните битки за титулата во тешка категорија на УФЦ.

На прво место, Стипе Миочиќ веќе се етаблираше како најголем во тешка категорија на сите времиња, но доколку успее повторно да го победи Френсис Нгану, ова ќе биде последниот скапоцен камен во круната на неговата неверојатна кариера“.

Шефот на УФЦ потврди и дека победникот на овој меч ќе се соочи со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс.

„Да, победникот ќе се бори против Џон Џонс“.

Во јануари 2018 година Стипе Миочиќ успешно ја одбрани титулата во тешка категорија во УФЦ, со едногласна одлука го совлада Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО