Џон Џонс: Ќе станам шамоион во 2022-а во тешка категорија

Легендата Џон Џонс продолжува со интензивните подготовки за дебито во тешка категорија. 34-годишниот Американец постави ново видео од својот тренинг и рече дека во 2022 година ќе биде шампион во тешка категорија.

„Коски“ се подготвува за новата категорија скоро една година. Тој се раздели со титулата во полутешка категорија за да ја почуствува големината на тешката категорија. Џон сака да го постигне она што го направи Даниел Кормиер.

Идниот член на Куќата на славните на УФЦ е во серија од 17 последователни победи. Последен пат го видовме во кафезот во февруари 2020 година. Тешко го победи Доминик Рејес и уште еднаш го одбрани појасот.

Пред некое време Џон откри дека планира да се бори на почетокот на 2022 година.

„Еве видео од синоќешниот тренинг. Целото тело ме боли од долгата недела на кревање тегови. Бев далеку од совршен, но сепак ја завршив работата. Шампион во 2022 година“, напиша на социјалните мрежи Џонс по уште еден тренинг.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО