Мики Гал го заврши Џордан Вилијамс на УФЦ на ЕСПН 27 (ВИДЕО)

Пресметката на Мики Гал и Џордан Вилијамс во полусредна категорија на УФЦ на ЕСПН 27 во Лас Вегас заврши со завршница во првата рунда во корист на Гал.

На почетокот Вилијамс започна агресивно и зададе удари на Гал доедека беше на мрежата. Двајцата влегоа во клинч, по што Гал пласира силен директ. Борбата се пренесува на партер и Мики се обидува да со принуда, но не успева и двајцата стануваат.

Имаше размена на удари во стој, по што Вилијамс упати удар со нога, а Гал го повреди со два десни удари. Битката повторно е на партер, каде Гал се обидува со гилотина, а потоа го заклучува противникот со задушување од позади и го тера да се предаде.

Така, битката заврши за 2 минути и 57 секунди во корист на Мики Гал. Со оваа победа Мики се враќа на победите и сега има скор 7-3 во ММА, бидејќи шест од неговите победи се со давење од позади. Вилијамс влезе во серија од два последователни порази.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО