Тековната кавга меѓу Тајсон Фјури и Џон Џонс повторно се разгоре.
Ова доаѓа откако Џонс неодамна ја реши својата долгогодишна кавга со шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања. Двајцата се сретнале во Лас Вегас, каде се однесувале прилично пријателски. Адесања и Џонс направија на шега соочување кое не остана незабележано од Тајсон Фјури.
„Џон Џонс, замисли колку десни крошеа ќе ти мавнам“, напиша Фјури на видеото од спаринг сесијата со Адесања.
Џонс не губеше време и веднаш одговори на подбивањето на Фјури, изразувајќи ја својата увереност дека ќе се соочи со носителот на титулата на ВБЦ во боксерски меч.
„Немам причина да се сомневам во себе против некој човек. Дајте ми неколку месеци во сериозен боксерски камп. Ми се допаѓаат шансите. Можеби само ќе те нокаутирам“, изјави Џонс на социјалните мрежи.