Џон Џонс до Адесања: Ќе ти откинам една рака

Поранешниот шампион во тешка категорија Џон Џонс му е лут на Израел Адесања.

Минатиов викенд во Абу Даби видовме доминантен учинок на шампионот во средна категорија кој ја одбрани титулата со победа над Пауло Коста. 31-годишниот шампион од Нигерија остана непоразен и во интервјуто по настанот повторно започна да зборува за Џон Џонс.

Во последната година двајцата не престанаа да се навредуваат лево-десно и да се закануваат еден на друг. За жал на Адесања, Џонс не сакаше да почека до 2021 година и ја ослободи титулата за да влезе во тешка категорија. „The Last Stylebender“ не се откажал од борба со „Bones“, но прво морал да разговара со своите луѓе.

„Сакаш да се борите со мене, но како? Си бил во ринг повеќе од 100 пати и сè уште не си подготвен? Имаш предност во однос на годините и приближно 4 пати повеќе искуство во боречките вештини. Вистината е дека веќе си мојата пи*чка и сакаш да бидеш непоразен. Видов што се случи со сите други.

Си креваш акциите кога зборуваш за мене и го знаеш тоа. Не сакаш реална пресметка со мене. Јас не само да стојам и да водам кик бокс борба со тебе. Се подготвувам за борци во тешка категорија. Буквално ќе ти откинам една рака“, му одговори на социјалните мрежи Џонс.

https://www.instagram.com/p/CFsSlnlHTAz/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО