Дресер на лавови му предложи на Хабиб борба со лав

Двајца од најпознатите тренери на диви животни во светот му посакаа успех на Хабиб Нурмагомедов во претстојната борба со Џастин Гејџи. Браќата Асколд и Едгард Запашни, членови на циркуската династија Запашни, која го основаше циркусот во Москва, му понудија на непоразениот шампион обид против некој од нивните лавови.

На социјалните мрежи Асколд му испрати порака на Хабиб додека лав стоеше пред него. Асколд рече дека е импресиониран од Хабиб и од неговиот тренинг со мечки и верува дека „Орелот“ ќе може да се справи со лав.

„Хабиб, видов како се справуваш со најсилните противници, вклучително и како тренираш со мечки. Ако сакаш да го зголемиш степенот на опасност, обиди се да вежбаш со нашите момчиња.

Сигурен сум дека и вие можете да се справите со тоа. Го снимивме ова видео со мојот брат да ви посакаме успех и победа. Успех, победа, цврстина и секогаш верувајте во себе!“, рече Асколд, кој заедно со неговиот брат го држи светскиот рекорд за најдолг човечки скок на тигар.

Шампионот во лесна категорија го виде видеото на Запашни и на социјалните мрежи напиша дека повеќе сака да биде пријател со лавовите отколку да влегува во нивниот кафез. Хабиб за еден месец се соочува со Гејџи во главната борба на УФЦ 254 во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/CFrvgUhjrlT/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО