Мајк Тајсон поткупил полицаец со „бентли“

Како што се доближува денот во кој Мајк Тајсон ќе се врати во рингот, така некогашниот светски првак е се поинтересен за спортската јавност со неговите „приказни“ од минатото.

По изјавите за тоа како добива ерекција, како јаде само месо од бизон, дојде на ред и на таа како некогаш подмитил полицаец и тоа со ново Бентли, еден од најскапите автомобили во светот.

„Случката беше пред 30 години. Бев излезен да си купам хамбургер од блиската продавница, а Бентлито ми беше на паркинг. Случјно тогашната сопруга Робин Гивенс ми пронајде кондоми во џебот, и гневна влезе во автомобилот а потоа и го стартуваше, секако дека истиот се заби во другиот автомобил. Дојде во полиција, мене ме фати паника посебно кога почна да вика сопственикот на другиот автомобил. Јас го тргнав полицаецот на страна и му реков да заборави на се а за возврат ќе биде сопственик на ова Бентли. Тој само ме праша дали се обидувам да го подмитам, а јас му одговорив дека не смее да ја испушти оваа шанса. И не ја испушти, си ги зеде клучевите од автомобилот, а јас и Робин со такси заминавме на аеродром“, изјави Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО