Џон Џонс: Адесања ќе го победи Стрикленд

Шампионот на УФЦ во тешка категорија, Џон Џонс, зборуваше за претстојната борба за титулата во средна категорија меѓу Израел Адесања и Шон Стрикленд.

Борбата меѓу Адесања и Стрикленд ќе се одржи на 10 септември во Сиднеј (Австралија) и ќе биде на чело на УФЦ 293. Израел е актуелен шампион на УФЦ во средна категорија. Очекувано, ѕвездата од Нов Зеланд е голем фаворит во оваа борба.

Малкумина му даваат шанса на Американецот. „Коски“ верува дека Адесања има поголема моќ и е пофлексибилен од Стрикленд. Ова е комбинација која ќе му донесе победа на Адесања.

„Мислам дека Израел Адесања ќе победи само затоа што е пофлексибилен. Тој прави се како Шон, само повнимателно. Ако тоа се случи, Изи би можел да го победи Стрикленд и во боксерски меч.

Мислам дека тој е попресметлив и дека неговата сила на ударот е поголема од онаа на Стрикленд“, рече Џонс во подкастот Овердогс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО