Џо Роган кажа што мисли за рускиот ММА борец Сергеј Павлович кој се натпреварува во тешка категорија на УФЦ.
30-годишниот руски борец продолжува да импресионира во неговите неодамнешни борби. Сергеј има скор од 17-1 во ММА и е во победничка серија од 5 меча со нокаут. Павлович успеа да ги нокаутира Дерик Луис и Тај Туиваса за помалку од 2 минути. Тој дефинитивно почнува да личи на Френсис Нгану во однос на брзите нокаути.
Роган е многу импресиониран од моќта на Русинот и сака да го гледа против Џон Џонс.
„Борецот за кој сум навистина заинтересиран во тешката категорија на УФЦ е Сергеј Павлович. Тоа копиле е Федор Емелијаненко. Всушност, повеќе е рускиот Френсис Нгану. Тој ги напаѓа луѓето исто како Френсис.
Да, овој човек е брз и многу добар. Борбата со Таи Туиваса беше неверојатна. Сакам почесто да го гледам како се бори. Во својот арсенал има одлични комбинации.
Со Френсис надвор, ова е еден од поинтересните борци во тешка категорија. Многу сум заинтересиран тој да се бори со тип како Џон Џонс“, рече Роган на својот подкаст.
View this post on Instagram