Џо Роган: Да сум јас Џејк Пол ќе се посерев во гаќи

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон за нешто помалку од два месеца ќе се врати во рингот по долга пауза за мечот со инфлуенсерот Џејк Пол кој се прослави и во овој спорт. Натпреварот нема да биде егзибициски туку ќе се смета за професионален што е дополнителен мотив за Тајсон.

УФЦ коментаторот Џо Роган како најава за мечот откри што видел на тренингот на Мајк Тајсон и ја прокоментира неговата форма.

„Мајк се подготвува за војна. Во интервју откри дека јаде живо месо бидејќи тоа е тоа што ќе го „јаде“ на мечот. Си помислив: Исусе каква состојба на умот. Па тој влегол во „мод“ на војник. Моментално е во расположение на дивјак. Да сум јас Џејк Пол ќе се посе*ев во гаќи. Земете го искуството на Тајсон во обѕир. Тој некогаш благо кажано ги уништуваше луѓето и ретко кој се осмелуваше да застане пред него. Таа мрачна комора се уште е во неговиот ум и мислам дека за оваа борба ја отвори. Единственото прашање е дали неговото тело може да го издржи напорот“, изјави Роган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО