АктуелноЏиу џицу - БЏЏ
Џиу џицу репрезентацијата утре ги почнува борбите на Балкан опен во Атина

Македонската џиу џицу репрезентација на Балкан опен во Атина, Грција, ќе учествува со пет натпреварувачи.
За Македонија ќе настапат:
Катерина Ацевска – сениори +70 кг, актуелна балканска шампионка, се бори утре
Антонио Стојчески – У-18 -69 кг, актуелен вицешампион, се бори во недела
Данил Николиски – У-21 -56 кг, се бори во сабота
Марија Треневска – У-18 +70 кг, се бори во сабота
Зоран Колевски – У-21 -62 кг, се бори во сабота

Селектор е Александар Ацевски, а тренер Христијан Јованов, додека Ицо Колевски е лице за поддршка и комуникација.
Покрај членките на Балканската федерација, на турнирот ќе учествуваат уште 13 држави со 1329 борци.



