Џиу џицу инструктор неутрализира крадец во продавница (ВИДЕО)

Неодамна во САД, дрзок крадец беше неутрализиран од инструктор за џиу-џицу. Инцидентот се случува во продавница 7-Eleven.

Крадецот влегува во продавницата и почнува да пазарува, а потоа се обидува да замине, но без да плати. Ги остава работите, но малку подоцна повторно влегува во продавницата, но од него се бара да излезе. Властите велат дека ја удрил 19-годишната вработена во продавницата.

За нејзина среќа во продавницата е Идриз Реџовиќ, кој е носител на црн појас во бразилско џиу џицу. Идриз веднаш интервенирал и го заклучил крадецот, а потоа повикал полиција. Реџовиќ го објави инцидентот во живо на социјалните мрежи за да даде пример.

„Живееме во ера на технологија, зошто да не ја искористиме за добро? Луѓето можат да научат од овие снимки дека насилството не е решение. Добијте ја вистинската обука, како што имам јас, и светот може да биде подобро место.

Никогаш не сум повредил човек и му посакувам се најдобро. Се надевам дека ќе го промени својот живот на подобро.

Не пијам поради мојата вера, јас сум муслиман и затоа бев толку смирен.

Нашиот пророк Мухамед вели: „Ако некој од вас види нешто лошо, нека го промени со раката. Ако не може со рака, тогаш со зборови. Ако не може со зборови, тогаш нека го мрази ова дело со своето срце”.

Фала му на Бога што ме заштити во оваа ситуација“, напиша Реџовиќ на социјалните мрежи.

Крадецот е 30-годишниот Кристофер Круз, кој е уапсен и обвинет за кражба и напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО