Достоен настап на Недановска и Реино на Европското првенство во Пореч

Македонските џудо репрезентативки Лилјана Недановска и Џенифер Реино го одработија настапот на Европското првенство за кадети во Пореч, Хравтска, но беа поразени.

Џенифер Реино со финалистиката Инес Богнар тргна во борба уште од самиот почеток. Имаше обострани акции и во последната Богнар дојде до поволна позиција и направи лост на рака на нашата репрезентативка. Во овој зафат беше повредена раката на Џенифер, поради што ја предаде борбата во репасажот против Марина Азину.

Лилјана Недановска пружи достоен отпор. До третата опомена (шидо) резултатот беше 0-0, заради која ја изгуби борбата.

Резултати ЕП џудо:
-57 кг
Џенифер Реино – Инес Богнар (Унгарија) 0-10 со ипон
Репсаж
Џенифер Реино –Марина Азину (Кипар) 0-10 предадена

-63 кг
Лилјана Недановска – Маријана Симоес (Португалија) 0-10 со 3 казни (шидо)

На ЕП учестуваат 425 џудисти, 232 во машка конкуренција и 193 во женска од 40 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО