Поранешниот борец на УФЦ Џејмс Вик веќе некое време е во надолна спирала во кариерата.
Во последните пет борби во УФЦ беше брутално нокаутиран четири пати. Ова доведе до негово ослободување од организацијата. Претходно ова лето Вик се обиде да го подобри скорот од 1-1 во Карате комбат откако се соочи со Рафаел Алвеш, но тоа не заврши добро.
Вик доживеа уште еден тежок нокаут, а фановите и експертите се повеќе се прашуваа зошто продолжи да стапнува во борилиштето со оглед на штетата што ја претрпе во кариерата. Она што многумина не го знаеја е дека овој нокаут беше полош од очекуваното.
Претседателот на Карате комбат, Асим Заиди, неодамна откри дека Џејмс бил во кома неколку дена по последниот пораз со нокаут. За време на едно интервју, Заиди рече:
„Бев таму во живо и тоа беше толку успешен настан. Но, овој нокаут ми го уништи целото расположение. Едноставно не можев да бидам среќен после тој момент. Беше во несвест неколку дена. Го држеа во индуцирана кома и беше ставен на респиратор за да му биде стабилно дишењето“, рече Асим.
Заиди го посетил Вик кога се освестил и Џејмс го прашал што се случило. Вик сакаше уште една шанса во Карате комбат, но моралот на Асим не му дозволи да го врати Вик во неговата организација.
James Vick was out for a couple of days??? pic.twitter.com/JnX3sWhhJo
— (@YazkoMotashobi) September 10, 2024