Џејк Пол ќе боксира со Бен Аскрен во март

Џејк Пол и Бен Аскрен се договорија за боксерски меч во март 2021 година.

Откако Пол со брутален нокаут ја победи НБА ѕвездата Нејт Робинсон, јутјуберот го предизвика Аскрен, како и неколку други УФЦ борци.

Чаел Сонен изјави дека по Аскрен редот е на Дилан Денис, кого Пол го нападна на улица пред неколку дена.

Самиот Аскрен потврди дека го прифатил мечот.

„Треба малку да биде претепан“, рече Аскрен.

Џејк Пол беше како загревање за борбата меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс, а во јануари 23-годишниот јутјубер дебитираше во боксот со нокаут на друг инфлуенсер АнЕсонГиб. Има и боксерски меч според аматерските правила, каде победи и со ТКО.

Во меѓувреме, Бен Аскрен се повлече од ММА откако загуби од Демијан Маја во октомври и ја оперираше ногата. За време на неговата кариера во ММА тој беше шампион во Белатор и ОНЕ во полутешка категорија. Во УФЦ имаше победа над Роби Лолулер, но потоа беше брутално нокаутиран од Хорхе Масвидал и претепан од Маја, што му беа единствените порази во кариерата.

Ако Пол и Аскрен навистина се соочат, битката ќе биде спектакуларна. Пол даде јасна изјава дека сака да се бори против вистински борци, а „Фанки“ е токму тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО