Џошуа: Имам четири титули, Фјури има една – ќе му ја земам!

Ентони Џошуа е категоричен во врска кој меч најмногу го сака.

Откако овој месец го нокаутираше Кубрат Пулев, англискиот боксер категорично изјави дека сака да се соочи со Тајсон Фјури.

„Подготвен сум. Инспириран сум. Направив задолжителна одбрана и сега сум подготвен за помалку разговори и повеќе акција”, рече Џошуа и додаде: „Немам никакви предрасуди. Го сакам Тајсон Фјури на мојот следен меч. Сакам тој да биде за титулата на ВБЦ. Сакам да бидам неприкосновен светски шампион по следанта борба.

Како што реков по мојата борба со Пулев, ако Фјури е човекот со титулата, сакам средба со Фјури. Сакам да се борам со оној што го држи шампионскиот појас. Немам ништо против човекот. Само сакам да бидам неприкосновен шампион “.

Долго очекуваната битка меѓу двајцата Англичани е главна тема веќе подолго време.

Фјури (30-0-1) ја однесе титулата ВБЦ од Дионтеј Вајлдер, кого го нокаутираше во 7-тата рунда во февруари. Ова се случи три месеци подоцна, откако Џошуа (24-1) ги врати титулите на ВБА, ИБФ, ВБО, ИБО со победата во реваншот н против Енди Руиз во декември 2019 година.

Фјури сè уште не се борел, но Џошуа беше принуден да ја брани титулата на ИБФ против задолжителниот предизвикувач Пулев.

„Во моментов, моите менаџери преговараат со нивните за да можеме да се сретнеме во 2021 година. Се надевам дека пандемијата е при крај и ќе можеме да го објавиме овој меч како што треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО