Џастин Гејџи собра 825.000 долари бонуси по триумфот над Топурија

Џастин Гејџи го зацврсти угледот како еден од највозбудливите борци во историјата на УФЦ откако заработи импресивни 825.000 долари бонуси по победата над Илија Топурија на УФЦ Фридом 250 во Белата куќа.
Во главната борба на вечерта Американецот имаше еден од најсилните настапи во кариерата и ја заврши серијата без пораз на Топурија. Со победата Гејџи ги обедини привремената и неприкосновената титула во лесна категорија, исполнувајќи го долгогодишниот сон да стане шампион на УФЦ.
За историската гала вечер организацијата значително ги зголеми бонусите. Наградата „борба на велерта“ беше зголемена на 400.000 долари, а наградата „изведба на вечерта“ достигна 425.000 долари.
Гејџи ги освои двете награди, со што неговата вкупна дополнителна заработка достигна 825.000 долари. И покрај поразот, Илија Топурија доби 400.000 долари како учесник во „борба на вечерта“.
Другиот бонус „изведба на вечерта“ му беше доделен на Сирил Гане, кој го нокаутира Алекс Переира во втората рунда и ја освои привремената титула во тешка категорија. Французинот зеде чек и од 425.000 долари.
Со најновата награда Гејџи сега има 17 бонуси во само 16 настапи во УФЦ – 11 награди за „борба на вечерта“ и шест за „изведба на вечерта“, дополнително зацврстувајќи го статусот како една од најголемите атракции во организацијата.



