Џастин Гејџи го прозва Конор Мек Грегор: Па, тој се бори само со оние што јас ги победив

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор би требало да се врати на борбите во втората половина од годината.

Имено, големата ѕвезда на УФЦ ја прифати функцијата тренер во новата сезона на ‘The Ultimate Fighter’ која започнува да се емитува на крајот на мај, а завршува кон средината на август. Вториот тим ќе го предводи Мајкл Чендлер.

По завршувањето на сезоната ќе дојде до пресметка меѓу тренерите, па Мек Грегор и Чендлер ќе се соочат во октагонот.

Тоа ќе биде прва борба за Конор откако ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер во јули 2021 година.

Во едно неодамнешно интервју Џастин Гејџи го прозва Конор Мек Грегор и истакна дека избира противници кои веќе ги победил.

„Па, тој се бори само против оние кои веќе ги победив. И баш не ми е гајле кој ќе победи на мечот меѓу Мек Грегор и Чендлер“, рече Џастин Гејџи и продолжи:

„Верувам само во напорна работа и добра подготовка, животот го посветив на овој спорт. Целта ми е секогаш да влезам во кафез и да го заспијам противникот. Во март ќе го скршиме покривот на О2 арената. Секој навивач на трибините ќе добие наплив на адреналин за парите што ги платил за билетот“.

Џастин Гејџи ќе се бори со Рафаел Физиев на 18 март на УФЦ 286.

На спектаклот во Лондон главен меч треба да биде борбата за титулата во велтер категорија меѓу шампионот Леон Едвардс и Камару Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО