Џастин Џејн дебитираше во УФЦ со нокаут за 41 секунда (ВИДЕО)

Џастин Џејн максимално го искористи дебито во УФЦ. Имаше борба со Френк Камачо откако три дена претходно го известувија дека ќе се бори на УФЦ на ЕСПН 11 во Вегас.

Нивната борба беше во категоријата до 72 килограми, откако Камачо не успеа на мерењето. На почетокот на средбата, Џејн почна агресивно и постигна две моќни леви крошеа, кои го испратија Камачо во нокаут.

https://www.instagram.com/p/CBrGDKvJ-Yo/?utm_source=ig_embed

Џастин му се нафрли како избезумен на Френк, кој некако стана на нозе, но тоа беше само почеток на крајот. Џејн продолжи да го напаѓа, а судијата интервенираше и ја прекина битката, која траеше само 41 секунда. Тоа беше 5-та последователна победа на Џејн со завршница и дефинитивно имаше одлично деби. Камачо влезе во серија од два последователни порази.

https://www.youtube.com/watch?v=mDXyfhLOghg&feature=emb_logo

УФЦ на ЕСПН 11 резултати:
Картис Блејдс – Александар Волков едногласна одлука (49-46, 48-47, 48-46)
Џош Емет – Шејн Бургос едногласна одлука (29-28 x2, 29-27)
Ракел Пенингтон – Марион Рено едногласна одлука (30-27, 29-28 x2)
Белал Мухамед – Лиман Добар едногласна одлука (29-28 x3)
Џим Милер – Рузвелт Робертс со завршница (лост на рака) (Р1, 2:25)

Воведни борби:
Боби Грин – Клеј Гида едногласна одлука (29-28 x2, 30-27)
Тесија Торес – Брајан ван Бурен едногласна одлука (30-27 x3)
Марк-Андре Бариоф – Оскар Пиехота ТКО, (Р2, 4:50)Џ
Џилијан Робертсон – Кортни Кејси завршница (Р3, 4:32)
Џастин Џејнс – Френк Камачо ТКО (Р1, 0:41)
Лорен Марфи – Роксан Модафери едногласна одлука (30-27 x2, 29-28)
Остин Хабард – Макс Рохскопф  ТКО (Р2, 5:00 часот)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО