Џарел Милер сака пресметка со Тајсон Фјури

Американскиот боксер Џерал Милер, кој требаше во 2019 година да го предизвика Британецот Ентони Џошуа, изјави дека се уште ја бара шансата да дојде до шампионскиот појас во супертешка категорија и дека би сакал да велзе во рингот со ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури.

Милер во 2019 година требаше во Њујорк да се бори против Џошуа, но помалку од два месеца пред почетокот на мечот беше суспендиран заради користење на недозволени средства. Како замена на тој меч беше Енди Руиз Јуниор, кој го нокаутираше Британецот и му ги одзема титулите, но подоцна истата година во реваншот во Лондон, Руиз беше поразен од Џошуа.

Милер вака остана без шансата да влезе во рингот и да забележи голема победа во тешка категорија, но не се откажува од тоа да добие шанса, да влезе во рингот  со некој од најдобрите во супертешка категорија.

-Знам дека сега многу боксери сакаат да влезат во клинч со Тајсон Фјури, а еден од нив сум и јас, изјави Милер, кој е познат под надимакот „Големото бебе“, кој пак во своите претходни три борби  беше тежок преку 123 килограм.

-Мислам дека Милер е одличен боксер – одлично зборува и многу е харизнамтичен. Може многу да понуди, изајви Тод Дубеф, промоторот на Фјури.

Сепак, извесно е дека наредната борба на Фјури од последна трилогијата е со Дионтеј Вајлдер, а многу би сакале да го видат во мечот и против сонародникот Ентони Џошуа.

Милер пред да ја почне професионалната боксерска кариера имаше одличен скор и во кик – бокс од 22 победи во вкупно 24 борби. Во боксерскиот ринг не знае за пораз на 24 меча (23 победи по ред и едно реми).

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО