Ѕвезда на Глори, Алекс Переира, сака да направи големи борби против легендата Бадр Хари и шампионот во тешка категорија Рико Верховен.
33-годишниот Бразилец е двоен шампион и ги држи титулите во средна и полутешка категорија. Переира е познат по двете победи над Израел Адесања, кој е шампион во средна категорија на УФЦ. Всушност, Алекс е единствениот борец кој успеа да го нокаутира Адесања.
„ПоАтан“ има рекордни 41-6 во рингот и 30 од нив се победи со нокаут. Тој е во серија од 8 последователни победи и има 3 борби во ММА – 2 победи и 1 пораз. Переира порано зборуваше за враќање во ММА, но засега реши да се држи до кариерата во Глори.
„Дури и пред борбата меѓу Адесања и Коста, реков дека тоа ќе биде тежок судир. Имам две битки со Адесања и знам колку е опасен. Тој е жилав и многу паметен. Адесања е реализиран борец во кикбоксот и во ММА. Коста добро се снаоѓаше досега и можеше да победи, но според стилот, тоа беше лоша борба за него. Треба да направи некои промени.
Не мислам дека Израел има интерес за нова средба со мене. Го победив два пати и го нокаутирав. Не се знае што ќе се случи во иднина. Тренирам ММА и мојата борба на партер, но јас сум напаѓач и се борам во најголемата организација за кик бокс. Мојот договор со Глори ми дозволува да направам две борби во кафезот ЛФА/ LFA, но јас сум фокусиран на кикбоксот.
Јас сум шампион во средна категорија и привремен во полутешка категорија. Треба да ги обединиме појасите со Вахитов. Тогаш сакам да направам одлични битки со Бадр Хари и Рико Верховен“, рече опасниот Бразилец за Адесања и за неговата иднина во боречките вештини.
https://www.instagram.com/p/CFsyyF-MZX_/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CFzY5O7Fwvt/?utm_source=ig_embed