Вајт e подготвен да им даде шеста шанса на Хабиб и Тони: Дали тогаш астероидот ќе падне на Земјата?

Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фегусон, сепак целосно не „отиде во пропаст“.

На 24 октомври, Хабиб Нурмагомедов конечно ќе се врати во октагонот. По трет пат во кариерата ќе ја брани титулата во лесна категорија на УФЦ и за прв пат оваа година. Негов противник ќе биде Џастин Гејџи, борец кој со својот масјки настап ја проби приказната што се создаде за ривалството помеѓу Нурмагомедов и Тони Фергусон. Неочекувано доминантен го победи вториот и го зазеде своето место во големата борба, прекинувајќи ја неговата импресивна серија на победи од дури 12 последователни триумфи.

Но, се чини дека споменатата борба сè уште е изводлива. Секако, „возбудата“ сигурно ќе биде помала отколку кога и двајцата борци беа во импресивна серија, но, стилски, сепак е меч што навивачите сакаат да го видат. Предолго ја чекаа таа борба за на карј да останат без неа, и покрај фактот што ретко кој верува дека е изводлива откако неколку пати беше откажана.

“Ако Хабиб го победи Гејзи, навивачите ќе ја добијат таа борба против Тони Фергусон. Всушност, ние веќе работиме на тоа. И се надевам дека таа борба навистина ќе се случи, затоа што знам колку луѓе сакаат да ја видат”, изјави Вајт за Спорт илсутрејтид.

Борбата досега беше договоран и откажана пет пати. Секој се откажуваше два пати поради разни повреди или проблеми, додека по петти пат се испречи годинашнава пандемија. Значи, нема сомнение дека стравот од ново откажување ќе се појави повторно и затоа многумина повеќе не би се ни обидувале да ја организираат истата борба.

„Мислам дека досега немало борба што пропаднала толку пати. Ме плаши повторно да ја организирам. Што е следното што ќе се случи? Дали астероидот ќе падне на земјата? Толку лошо изгледа ситуацијата”, откри гласно претседателот на УФЦ.

Следната борба Фергусон требаше да ја има на 24 октомври, на истиот настан на кој Хабиб ќе ја брани титулата против Гејџи, но УФЦ не успеа да се договори финансиски со неговиот планиран противник Дастин Пориер. Нему не му е понуден заменски противник и во моментов не е познато какви се плановите на УФЦ со овој многу популарен борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО