Олимписките квалификации во таеквонодо ќе се одржат во Бугарија

На 30 и 31 јануари 2021 година Бугарија ќе биде домаќин на Европските квалификации во таеквондо (ВТФ) за Олимписките игри во Токио, објави Европската федерација.

„Се надевам дека овие квалификации ќе се остварат. Ова е важно натпреварување затоа што ќе ги одреди учесниците од Европа за Олимписките игри во Токио. Ги стискаме палците, за да најдеме некаков излез од ситуацијата со Ковид-19, што не го гледам во моментов“, коментираше претседателот на БФ во таеквондо Слави Бинев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО