Две злата и бронза за Сеишин во Цетиње

Сеишин освои 3  медали – 2 златни и 1 бронзен на Меѓународниот џудо турнир „13 Ноември“ во Цетиње, Црна Гора, во организација на ЏК Црногорац, Теодора Илиоска е прогласена за најдобар техничар на турнирот во старосната категорија помлади пионерки.

Медалите ги освоија: Теодора Илиоска (-48 кг) и Тамара Илиоска (-44 кг) златни и Давор Најдоски (-46 кг) бронзен.

На турнирот учествуваа натпреварувачи од Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Словенија, Босна и Херцеговина и други држави од регионот

„Одлично се изборија Благојче Мантароски – 55 кг и Марко Ацески +60 кг,  но не успеаја да изборат место на пиедесталот“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО