Ален Рустемов славеше со прекин за честа на Вардар во РБЛ

Ален Рустемов денес извојува победа со прекин во третата рунда во 4.коло на Регионалната бокс лига во Никшиќ, Црна Гора, за чест на екипата на Вардар.

Преостанатите наши боксери кои настапија денес загубија.

По вториот настан на РБЛ, односно 3-то и 4-то коло во Никшиќ, Вардар останува на 8 место со 32 поени. Водечка е екипата на Лозница со 73 поени пред Нови Пазар со 57 и Никшиќ со 54.

Резултати 4.коло Регионална бокс лига:

Младинци
57 кг Ален Рустемов – Филип Божовиќ (Никшиќ) 3-0, ТКО Р3

Сениори
63, 5 кг Илхан Озмен – Лука Гачевиќ (Никшиќ) 1-4
63,5 кг Дион Лена – Велјко Глигориќ (Раднички Београд) 1-4
71 кг Алим Насуфи – Гал Шепиќ (Славија) 0-5
75 кг Ајхан Озмен – Јован Ноколиќ (Сомбор) 0-3, ТКО Р1

Резултати 3.коло Регионална бокс лига:
Младинци
60 кг Леонард Лимај  – Томислав Џиновиќ (Лозница) 0-3, ТКО Р1
63,5 кг Енис Алиу – Владимир Бериша (Сомбор) 1-4

Сениори
63,5 кг Дион Лена – Стефан Филиповиќ (Нови Пазар) 5-0
71 кг Алим Насуфи – Џиани Дедиќ (Железничар) 3-0, КО Р1
75 кг Ајхан Озмен – Вук Мичиќ (Славија) 4-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО