Две победи на Далибор Богаднов по враќањето на душекот

bogadanov-pobednik-oktomvri-2016

Враќање на душекот со две победи во еден ден за Далибор Богданов (-75 кг) за ЕСВ Минхен ост во Обер лигата на Германија.

bogadnov-kreva-oktomvri-2016

„Бидејќи нашиот борач во грчко-римски стил е повреден, ја заврши сезоната предвреме. Се боревме против екипата на ТСЦ Меринг и победивме 30-24. Успеав да му донесам 8 поени на мојот клуб, 4 во грчко-римски и 4 во слободен стил. Водев претпазлива и тактичка борба, повеќе се концентрирав на повредата за да не се повтори. Победив со технички туш во грчко-римски стил 16-0 против Свен Хартмутх ,а во слободен стил полесно и побрзо го совладав противникот. Како и што посакав, што помалку да останам на душекот, во втората минута веќе имав водство од 15-0 т.е технички туш. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе биде вака, без повреди но со победи“, ни изјави Далибор Богданов.

bogdanov-frla-oktomvri-2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО