
Членови на КК „Кочани“ од Кочани викендов учествуваа на големиот Меѓународен карате турнир „Трофеј Бар 2025“ во Црна Гора, при што освоија три одличја – 2 златни медали и 1 срербен.
„Освоивме вкупно три медали. Со златен медал се закитија Алексеј Ристов во категорија У-10 -35 кг и Наталија Карова У-21 -50 кг, а Дамјан Симеонов во У-11 -35 кг го освои сребрен. Со малку повеќе среќа, и четвртиот наш натпреварувач Душанка Ристова ќе се закитеше со медал, но и нејзиното учество беше повеќе од достојно и носеше вистински спортски дуx.

Голема благодарност до КК „Олимпик” – Скопје и до тренерот Александар Кузмановски за меѓусебната спортска дружба“, соопштија од КК „Кочани“.



