АктуелноДруги вештиниТаеквондо
Два златни и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на „Хереја опен“

На Меѓународниот турнир „Хереја опен“ Е3 серија во Сливница, Бугарија, младите македонски таеквондисти освоија 3 медали – 2 злата и 1 бронза.
Наумовска (-55 кг, кадети, Феникс кик) во првото коло (полуфинале) ја победи Зои Лагара (Грција) 2-1 во рунди, второ коло (финална борба) славеше Гала Начева (Бугарија) 2-0 во рунди.

Дамјан Василевски (-45 кг, јуниори, Феникс кик) во полуфиналето беше поразен од Димитрос Гергалас (Грција) 2-1 во рунди.

Христијан Симоновски (-63, јуниори, Младост) се закити со златен медал. Тој во полуфиналната борба го победи Гркот Пападимитроу Димостхенис 2-1, во финалето го совлада Данаил Начков од Буграија со 2-0 во рунди.



