АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Нов златен медал за Мартина Наумовска, бронза за Дамјан Василевски на „Хереја опен“

Нов златен медал за Мартина Наумовска од Феникс кик, овој пат од Меѓународниот такевондо турнир „Хереја опен“ од серијата Е3 во Сливница, Бугарија. Дамјан Василевски освои бронза.

Наумовска  (-55 кг, кадети) во првото коло (полуфинале) ја победи Зои Лагара (Грција) 2-1 во рунди, второ коло (финална борба) славеше Гала Начева (Бугарија) 2-0 во рунди.

Дамјан Василевски (-45 кг,  јуниори) во полуфиналето беше поразен од Димитрос Гергалас (Грција) 2-1 во рунди.

Со овие бодови Мартина ќе биде во Топ 5 на светската ранг-листа во категорија до 55 кг за кадети, велат од нејзиниот клуб, а како поткрепа на тоа се наведуваат две злата и две сребра на последните четри натпревари.

Од Феникс кик велат дека со овие постигнати резулатите Наумовска станува идна олимписка надеж.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON