Душко Тодоровиќ следниот месец настапува на настанот на УФЦ против Џордан Рајт

Српскиот ММА борец Душко Тодоровиќ се врати во акција и следниот месец на УФЦ ќе ги одмери силите против Џордан Рајт.

Тодоровиќ пред две години успешно дебитираше во најголемата светска MMA организација, но потоа следуваа два последователни порази, по што следуваше победа против Маки Питола, а во мај загуби со нокаут од Чиди Њокуани на крајот од првата рунда.

Американецот Џордан Рајт има ист скор во УФЦ, две победи и три порази, а во април загуби со завршница од Марк-Андре Барио.

Борбата меѓу Тодоровиќ и Рајт е закажана за УФЦ Фајт најт 212 на 15 октомври во Лас Вегас.

Настанот треба да го предводи судирот меѓу Алекса Грасо и Вивијана Араухо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО