Душица Бреслиева освои бронзен медал во таеквондо на „Грција опен“

Штипјанката Душица Бреслиева освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Грција опен“ од серијата Е1 во Солун.
Брелсиева во категоријата до 55 килограми во јуниорска конкуренција извјојува две победи против Ниови Толија од Грција 2-0 во рунди, Мелина Димитра Фиска (Грција) 2-0, а во полуфиналето беше поразена од Марија Лемонија Спану од Грација 0-2.

Душица полека си го трасира патот во олимпиското таеквондо кон големите успеси, а таргет се Олимписките игри 2032 година. Имајќи предвид дека таа имаа трофеи во карате спортот, како и нејзините тренери, браќата Сашко и Жарко Арсовски, кои се едни од најуспешните македонски каратисти, не се сомневаме во целосно вложување за остварување на успех во таеквондо спортот, односно настап на најголемите приредби и освојување на медали.

„Таеквондо клубот Штип со големи резултати успешно се вклопува во таеквондо спортот. Огромната поддршка и одлична соработка со Македонската таеквондо федерација носи високи резултати за Македонија“, велат тренерите Сашко и Жарко Арсовски.

Јуниори
А 55 кг
Душица Бреслиева – Ниови Толија (Грција) 2-0
Душица Бреслиева – Мелина Димитра Фиска (Грција) 2-0
Полуфинале
Душица Бреслиева – Марија Лемонија Спану (Грција) 0-2
А 52 кг
Паола Арсовска – Викторија-Зина Зафиери (Грција) 0-2
А 59 кг
Драгана Ефтимова – Марија Пападопулу (Грција) 0-2



