Домашна сценаДомашна сценаКаратеТаеквондо

Душица Бреслиева добитник на признанието „8 Ноември“ на Општина Штип

Душица Бреслиева од КК/ ТКД Штип е добитник на признанието „8 Ноември“ по повод ослободувањето на Штип.

Бреслиева имаше запазени настапи и во карате и во таеквондо.

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот „8 Ноември“. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации кои измаинатите години придонеле за развој и афирмација на градот добија признанија за нивните заложби. Признинија се доделија во областа на културата, здравството, уметноста, спортот, образованието.

Признание „8 Ноември“ доби и КБ Штип, за пожртвуваноста на вработените и посебниот придонес на 16 март кога се случи пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Тогаш за помалку од еден час беа мобилизирани сите одделенија при КБ Штип, а сите вработени беа на работа за да помогнат на пациентите.

Осмо Ноемвриски признанија се доделуваат секоја година на поединци, институции, здруженија, кои придонеле за развој и афирмација на Штип.

Ова е листата на добитниците:

Петар Мијалков – мотоциклизам
Игор Киров – уметник
Градски хор Астибо
Биг Бенг оркестар
Извиднички одред од Штип
Жикица Ивановски – ултрамаратон
Душица Бреслиева – карате, таеквондо
Даниел Христов и Марио Ванчовски – образование
Ферус Мустафов – постхумно – музика
Димо Узунов – ширење на македонизам
Пане Кукушев – литература
Благој Џоџев – КУД Тоска
Раде Рогожаров – уметност
Клиничка болница Штип
Андреј Гичев, Виктор Спасов, Максим Троицки – хуманизам

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON