Дрим освои две злата и едно сребро на џудо купот во Требиње (ФОТО)

На Меѓународниот џудо куп „Требиње 2020-Меморијал Милош Мрдиќ“во Требиње, Босна и Херцеговина, ЏК Дрим од Струга освои освои три медала – 2 златни и 1 сребрен.

Со медали се закитија:

Дорија Петкоски (-22 кг) – златен

Христијан Глигороски (- 90 кг) – златен

Марко Нелоски (-50 кг) – сребрен.

На купот учествуваа 550 натпреварувачи од 10 држави, односно 59 клубови.

„Во одлично светло се покажаа и Илија Тодороски, Андреј Славкоски и Андреј Симоноски, но не успеаја да се закитат со медал“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО