14 карате клубови добија јавна опомена од КФМ

Претседателот на Собранието на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Драган Стојановски, донесе одлука клубовите кои не го оправдале отсуството на Соабрнието на 25 јануари 2020 година да им изрече „јавна опомена“, повикувајќи се на член 42 од Деловникот за работа на Собранието на КФМ. Вкупно 14 клубови добија јавна опомена.

Јавна опомена добија:

  • КК Вардар, Скопје;
  • КК Гостивар доџо, Гостивар;
  • КК Металург, Скопје;
  • КК Кеикс, Скопје;
  • КК Астибо, Штип;
  • КК Асиарт, Гостивар;
  • КК Басаи, Тетово;
  • КК Гостивар-сенсеи, Гостивар;
  • КК Куштрими, Скопје;
  • КК Центар, Скопје;
  • КК Маквадо, Скопје;
  • КК Будо, Велес;
  • КК Шарпланинец Јелак, Тетово;
  • КК Шкумбини, Тетово;

Во членот 42 се вели:
„Против членовите на Собранието кои не го најавиле своето отсуство или неоправдано отсуствувале од седниците на Собранието, Претседателот на Федерацијата превзема соодветни казнени мерки:
– јавна опомена;
– предлог за разрешување од член на Собранието, за повеќе од три неоправдани отсуствувања од седниците на Собранието“.

Деловникот на КФМ е правен според Деловникот на Собранието на Македонија.

Д Е Л О В Н И К
НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА*

III. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
1. Присуство на седница и учество во работата на Собранието
Член 29
Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на
Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

Член 30
Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е
должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на
седницата.
Член 31
(1) Претседателот на Собранието го повикува и го информира пратеникот
кој три пати едноподруго не присуствувал на седниците, а не го известил
претседателот на Собранието за своето отсуство.
(2) За секое натамошно неоправдано отсуство, претседателот на
Собранието го опоменува пратеникот и за тоа ја известува Комисијата за прашања
на изборите и именувањата и координаторот на пратеничката група.
(3) На пратеникот кој отсуствува најмалку три пати едноподруго од
седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието,
му се одбива 5% од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата
за прашања на изборите и именувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО