Лука Змејковски спортска надеж, а Дарко Гоцевски најдобар тренер на Виница

Маратонката Адријана Поп Арсова го доби признанието за спортист на Виница за 2019 година, со што втор пат по ред е оценета како најуспешна на изборот што го направи стручна комисија во локалната самоуправа.

Признанието за спортска надеж на Виница за 2019 година го доби Лука Змејковски од клубот за боречки вештини „Лидер“, а фудбалскиот клуб „Слога“, кој без примен гол стана есенски шампион во третата лига – југ, е прогласен за најдобра екипа.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Дарко Гоцевски од клубот „Лидер“,а Златко Насев од ФК „Слога“ е спортски работник за минатата година.

За надобра училишна спортска екипа е избран тимот од ОУ „Славчо Стојменски“, а признанија за придонес во спортот им беа доделени на Ангелина Атанасова за промовирање на алпинизмот, како и на Драган Јовановски за постигнатите резултати во стрелаштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО