Дрикус ду Плесис продолжува да го прозива Израел Адесања

Јужноафриканецот Дрикус ду Плесис требаше да се бори за титулата во средна категорија на УФЦ против Израел Адесања, но го откажа мечот поради повреда на стапалото.

На негово место, како замена влезе Шон Стрикленд, кој го победи Адесања на настанот во Сиднеј во септември и стигна до тронот на дивизијата.

Ду Плесис се опорави од повредата и ќе се бори со Стрикленд за титулата во средна категорија на 20 јануари на настанот УФЦ 297.

А во едно неодамнешно интервју продолжи да го прозива Адесања и повтори дека лесно ќе го совлада.

„Полека би го раслојувал на делови Изи во октагонот, ќе го грабнам и постојано ќе го нервирам. Знам дека е добар да се брани од соборување, но има голема разлика меѓу нас. Гарантирам дека ќе биде долга ноќ за него. Тој е добар удирач, но не би ме нокаутирал“,- истакна Дрикус ду Плесис и додаде:

„Сè уште сакам меч против Адесања. Тој би бил мојот прв избор кога ќе ја бранам шампионската титула. Тоа би било одлично. Но, мислам дека сакаат да го турнат Хамзат Чимаев, па и тоа би било добро. Кога ќе го освојам појасот и ќе го уништам Хамзат, кој останува“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО