Френсис Нгану и Жилеи Жанг добиле понуда за меч на настанот во Ријад, но Камерунецот ја одбил

По минатогодишниот пораз од Филип Хрговиќ, кинескиот боксер Жилеј Жанг експресно се врати на светската сцена со две победи против Џо Џојс.

Во април, Биг Бенг го победи Британецот со прекин во шестата рунда, а пет месеци подоцна повторно беше подобар во реваншот, совладувајќи го Југернаутот со нокаут во третата рунда.

Крајот на годината нуди голем боксерски спектакл во Ријад, Саудиска Арабија, со богата програма и одлични натпревари.

А во таа програма требаше да биде и натпревар помеѓу Френсис Нгану и Жилеј Жанг, но поранешниот шампион на УФЦ не ја прифати понудата.

„Се зборуваше дека ќе се борам со Нгану на 23 декември. Реков да, ќе биде лесно, како прошетка во парк. Ја прифатив понудата, но тоа не е Нгану“, рече Жилеј Жанг и додаде:

„Се надевам на голема борба во Кина следната година. Многу луѓе беа ангажирани да го донесат мечот во мојата родна земја. Имам многу силно чувство дека нешто големо се подготвува. Нема да се разочарате ако ги гледате моите борби“.

На настанот во Ријад ќе настапат поранешните светски шампиони Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер. Настанот треба да биде предводен од средбата меѓу Еј Џеј и Ото Валин, додека Бронзениот бомбардер ќе се соочи со Џозеф Паркер. Хрваот Хрговиќ ќе ги одмери силите и со Австралиецот Марк де Мори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО