Драматични мечеви за македонските боксери на ЕП – победа на Арсовски и пораз на Шехаби

Два драматични меча имаа денес нашите боксери на Европското првенство за млади во Софија, Бугарија, кои завршија со победа и пораз, но покажаа како се бранат боите на Македонија.

Петар Арсовски (-54 кг) славеше против Матус Јаницек од Словачка во осминафиналето со 3-2, додека Хади Шехаби загуби од Лукас Вимислички од Словачка.

„Задоволен сум од пожртвуваноста и решителноста на овие млади боксери. Покажаа како се бранат боите на Македонија“, вели тренерот Александар Арсовски.

Петар до победата дошол, по изгубена прва рунда.

„Тргнавме малку заспано, Словакот го искористи тој момент и уште од стартот ја затвори првата рунда во негова корист со 4-1. Во втора и трета рунда дојде до целосен пресврт, а во последната рунда се покажа доминацијата на Пепка и победа за 2-3 во корист на нашиот боксер“, вели Арсовски и додаде:

„Во втората сесија вториот наш боксер Хади Шехаби претрпе пораз со резултат од 5-0. Хади направи меч кој ја крена публиката на нозе, бидејки во текот на целиот меч водеа отворена борба и двајцата претрпеа по два нокдауна. Сепак, повисокиот, технички подобар Словак, успеа да слави“.

Петар Атсовски на 19 април ќе се судри со боксерот од Грција Ремус Велис Антонио. Со победа обезбедува пласман во полуфиналето и сигурен бронзен медал.

На ЕП учетсвуваат боксери од 39 држави со над 400 боксери и боксерки.

Европско првенство за млади:

51 кг
Хади Шехаби – Лукас Вимислички (Словачка) 0-5 1/8 финале

54 кг
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2 1/8 финале

Фото: БФБ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО