ДОЗНАВАМЕ: Боксерските клубови ќе свикаат Собрание на БФМ за решавање на лошата состојба!

Goce Jane3ski zlaten gong]2015-11-14 14.13.48

Откако се дозна дека Боксерска федерација на Македонија (БФМ) е суспендирана и сите настапи на нејзините боксери се замрзнати од страна на на АИБА и ЕБУЦ поради неплатена членарина за две години, клубовите и боксерските работници и љубители на овој спорт се моболизираа за спасување на некогаш трофејниот спорт.

Од наши избори дознаваме дека од понеделник почнува процедурата за одржување на Собрание за разрешување на непријатната ситуација. Собранието треба да е редовно, но бидејќи не е закажувано до сега ќе биде вонредно, затоа што е по иницијатива на клубовите. Се очекува дека ќе се избере и нов претседател, за, како што велат иницијаторите, го одглават боксот од бездната и да се тргне со систематска работа кон профилирање на идните медалисти.

Да потсетиме дека за суспензијата на БФМ се дозна кога тренерот на БК Шкупи и на репрезентацијата, Насер Харуни, сакал двајцата наши боксери Јасин Лама (-56 кг) и Гоце Јанески (-75 кг) да ги пријави да учествуваат на Светското боксерско првенство за сениори во Баку, Азербејџан, во јуни, но не можел да го направи тоа зашто Федерацијата за две години не платила на Европската боксерска федерација, па оттаму ја блокирале нејзината работа.

Покрај суспензијата и традиционалниот меѓународен турнир „Златен гонг“ е симнат од календарот на ЕБФ.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО