Доживотна казна за тренер во борење кој претепа дете затоа што загуби (Вознемирувачко ВИДЕО)

Дагестанскиот тренер во борење Алаудин Атаев доби доживотна казна откако го претепа својот ученик. На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како Атаев го клоца својот ученик затоа што го изгубил мечот. Овој грозен чин на Атаев не остана незабележан во Дагестан, што доведе до праведна казна.

„Тренерот е доживотно дисквалификуван. Стореното дело е нечовечко. Ова е тренер на приватен клуб. Напишав писмо до министерот за спорт на Дагестан. Ќе преземе мерки никогаш повеќе да не се појави во салите“, изјави Муртузалиев, кој е потпретседател на Руската боречка федерација.

Обвинителството ја започна предистражната постапка за случајот. Атаев живее во дагестанското село Карабудакент. Министерот за физичка култура и спорт на Република Дагестан Саџид Сажидов изјави дека Алаудин повеќе нема да смее да тренира деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО