Доналд Трамп: Брзо ќе го нокаутирам Бајден во ММА борба

Претседателот на САД, Доналд Трамп е убеден дека лесно ќе го победи кандидатот за претседател Џо Бајден во ММА меч. Еден од двајцата ќе ги предводи Соединетите држави по изборите на 3 ноември.

Трамп е голем љубител на мешаните боречки вештини и присуствуваше на голем број турнири на УФЦ. Голем број спортисти ја изразија својата јавна поддршка за сегашниот претседател на САД. Пред неколку години, Бајден рече дека сака да биде помлад за да го земе Трамп зад салата и да се борат.

„Не мислам дека поспаниот Џо би бил добар борец. Го прашав Дана Вајт за тоа. Еден лесен допир на лицето и Бајден ќе падне. Тој нема да застане брзо. Пред некое време ми рече дека сака да ме одведе во задниот дел на шталата. Сега ако му кажам, тие ќе речат дека сум агресивен. Со тоа, тој мислеше дека сака да ме набие“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО