Чисора се обиде да го ислаши Усик, но око не му трепна (ВИДЕО)

Дерек Чисора (32-9, 23 KO) обоен во „воени бои“ влезе во остар напад на Александер Усик (17-0, 13 KO) на мерењето пред нивната утрешна пресметка, која за малку ќе почнеше предвреме.

Чисора во мечот влегува 17 килограми потежок од Укариенцот. Вагата покажа дека Чисора тежи 115,9 килограи, а Усик 98,5 кг. Без оглед на нивната тежина, Усик сепак е голем фаворит во овој дуел.

Иако пред саботниот меч на „Вембли“ во Лондон, двајцата боксери на прес-конференцијата си делеа комплименти и се гушкаа, атмосферата беше сосема поинаква кога Чисора се појави на мерењето обоен со бело и со порака „ВОЈНА“ на градите.

Украинецот Усик се обиде да остане смирен на провокациите на Чисора, пред да мора да интервенира и обезбедувањето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО