Дон Кинг: Мечот Стиворн и Вајлдер е покана за целиот свет

Don King so znaminja

Познатиот боксeрски промотор, Дон Кинг, најави дека наскоро, повторно, ќе настапи времето на Америка во супертешка категорија .

„Борбата меѓу Стиворн и Вајлдер ќе се претвори во спектакуларен настан. Тоа спротивставување дава можност повторно да се вратиме во боксот и нашата страна да се радува како во славните времиња. Ова е програма за реанимација на американската слава во најинтересната категорија во професионалниот бокс. Веќе една деценија Америка не гледала таква борба. Затоа 17 јануари за нас ќе биде празник. Уверен сум дека дојде времето на Америка! Тоа ќе биде порака до целиот свет“, коментира Кинг.

Како што е познато, натпреварот за титулата на ВБЦ е планиран за 17 јануари.

Интересно е дека од сите можни верзии во супертешка категорија, со исклучок на овој појас, се во рацете на Владимир Кличко. Но, затоа пак беше во владение на брат му – Виталиј, пред да ја прекине кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON